ФОТО+ВИДЕО | Машин Ган Кели си скрши чаша од глава па крвав продолжи да пее

Фото: Инстаграм

Свршеникот на актерката Меган Фокс, раперот Машин Ган Кели, ги згрози обожавателите со своето однесување по концертот како дел од Mainstream Sellout Tour, одржан во Медисон Сквер Гарден.

Имено, на афтержурката во Catch Steakhouse Machine, Машин Ган Кели толку се внесол во својот говор така што во еден момент си скршил чаша шампањ од главата, по што крвав продолжил да пее. Тој ги одбил завоите од персоналот и крвта што му течела по лицето ја избришал со валкана крпа, а сето тоа од првиот ред го гледала актерката Меган Фокс, пишува „Дејли мејл“.

Фото: Инстаграм

По завршувањето на афтер забавата, Ган Кели го напуштил местото облеан во крв и држејќи ја за рака  својата партнерка Меган, која го криела лицето од папараците. Проѕирната розова маица на МГК исто така била извалкана со крв, како и неговиот врат и рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly)

Ден потоа се испоставило дека музичарот таа вечер премногу се забавувал за да ја исчисти раната или да се подготви за спиење, па наутро им се јавил на следбениците во истата облека и ја покажал раната и исушената крв. Тој објавил и видео од својот настап, но набрзо го отстранил. Меѓутоа, видеото се појави на Твитер, а луѓето не престануваат да се згрозуваат од неговото однесување.

ГАЛЕРИЈА | Музички награди Билборд 2022: Триумфираше Оливиа Родриго со 7 награди, Канје Вест освои 6

Меган Фокс и Машин Ган Кели си ја пијат крвта за да си ја докажат љубовта

Дизајниран да ја боли доколку се обиде да го извади: Машин Ган Кели ја откри тајната скриена во вереничкиот прстен на Меган Фокс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот