ГАЛЕРИЈА | Музички награди Билборд 2022: Триумфираше Оливиа Родриго со 7 награди, Канје Вест освои 6

Црвен тепих на Музичките награди Билборд, Фото: EPA-EFE

Најнаградуваните музичари беа отсутни, но Дрејк и Доџа Кет прославија и за нив, а најавувачите заборавија важна категорија

Музичките награди Билборд се одржаа вчера и додека најнаградуваните уметници Оливиjа Родриго која е на турнеја и Канје Вест кој се справува со менталното здравје, останатите победници како Доџа Кет со полни раце награди прославија на шоуто, пишува „Дејли Меил“.

Рок принцезата Оливија Родриго беше најголемиот победник на вечерта со седум статуетки на музичките награди Билборд. Таа освои Топ нов артист, Топ женски артист, Топ 100 артист, Топ стриминг артист, Тоа радио артист, Топ Билборд глобален артист и Топ Билборд 200 албум за „Sour“.

Најнаградувани беа и Канје Вест со шест награди за Топ христијански артист, Топ госпел артист, Топ христијански албум, Топ госпел албум за „Donda“ и Топ христијанска песна и Топ госпел песна за „Hurricane“. Дрејк си замина со пет награди: Топ машки артист, Топ рап артист, Топ машки рап артист и Топ рап албум за „Certified Lover Boy“, зголемувајќи го неговиот статус за најнаградуван музичар на Билборд на сите времиња со 34 статуетки, и Кид Ларои, кој ги освои првите пет награди за неговата песна со Џастин Бибер, „Stay“.

Сепак, Доџа Кет прва излезе на сцената, освојувајќи ја првата награда на телевизиската емисија, иако фановите останаа збунети кога категоријата Топ женски изведувач не беше објавена прва, според планот. Пејачката ја освои првата награда за Топ ар-ен-би артист и наградите за: Тоа женски ар-ен-би артист, Топ ар-ен-би албум за „Planet Her“, Топ вирална песна за „Kiss me more“ со СЗА.

„Вау! Успеавме! Успеавме! Ви благодарам многу. Сакам повторно да им се заблагодарам на моите фанови и да, многу сум благодарна и возбудена сум што ќе гледам уште луѓе како победуваат. Прекрасно е да се биде овде вечерва со сите и да, ти благодарам, мамо и да, тоа е тоа“, заклучи таа.

Втората награда дома ја однесе Меган Ди Сталион за Топ женски рап артист, „Глес Анималс“ ја освоија наградата за Топ рок артист. Вечерта продолжи со доделување на музичките награди и наградата за Носител на промени на младата девојка Мери Копени која се бори да донесе чиста вода за пиење во нејзниот град Флинт во Мичиген.

Мерик Копени, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Како што се редеа наградите, статуетката за Топ женски артист не беше доделена и обожавателите беа збунети бидејќи најавувачот дури и пред паузата за реклами, веднаш по говорот на Мери Џеј Блајџ, рече дека наградата за Топ женски изведувач ќе биде објавена наскоро. Многу обожаватели се огласија на „Твитер“ по настанот, за да ја изразат својата фрустрација поради прескокнувањето на наградата, па Билборд подоцна објави дека наградата ѝ била доделена на Оливиа Родриго.

Меѓу наградените на Музичките награди Билборд беа и „БТС“ во категоријата Топ група и Топ најпродавана песна, Тејлор Свифт за Топ Билборд 200 артист, Топ кантри песна, Топ Кантри женски артист и Топ кантри албум за „Red“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R.E.B.E.L. (@rebel_mag)

ГАЛЕРИЈА:

Доџа Кет, EPA-EFE/NINA PROMMER
Доџа Кет, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Доџа Кет, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Гивеон, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Пи Диди, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Мајкл Бубле и Луисана Лопилато, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Тревис Скот, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Бурна Бој, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Миранда Ламберт, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Кали Учис, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Хајди Клум во фустан од македонскиот дизајнер Тони Матичевски, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Кајли Џенер, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Теана Тејлор, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Тај Дола Сајн, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Флоренс Велш, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Меган Фокс и Машин Ган Кели, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Меган Ди Сталион, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Дав Камерон, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Ди Џеј Калед, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Алекса, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Латина Веб, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Мери Џеј Блајџ, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Анита, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER
Видео на денот