Како богатите се кријат во Дубаи/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Луксуз од сите страни: Како изгледаат бункерите во кои се крие елитата во Дубаи од иранските напади

Ракетните напади на Иран врз Дубаи, кои дојдоа како одговор на нападот на САД и Израел врз Иран, започнаа за време на викендот. Тие изненадија многу жители и туристи во еден од најлуксузните градови на Блискиот Исток. Градот, кој со години се сметаше за речиси недопирлив во регионалните конфликти, сега првпат се соочува со сериозна безбедносна закана.

Иако ретки иселеници што живеат во луксузот на Дубаи можеле да ги предвидат иранските воздушни напади што го погодија најгламурозниот град во Обединетите Арапски Емирати од саботата, тоа не значи дека тие веќе немале подготвени безбедни засолништа. Екстремното богатство на градот значеше дека многу од луксузните имоти каде што живеат милијардери, претприемачи и влијателни личности имаат футуристички безбедни соби, засолништа за паника и утврдени подруми како стандардна опрема, чија цена често достигнува милиони, пишува „Дејли мејл“.

Многу богати жители на Дубаи веќе подготвиле засолништа. Во бројни луксузни вили и пентхауси, се наоѓаат таканаречените „соби за паника“, зајакнати подруми и футуристички безбедни соби кои можат да послужат како засолниште во кризни ситуации, наведува „Дејли меjл“.

Со оглед на ниската стапка на насилен криминал во градот, каде што дури и најмалата кражба се казнува строго, веројатно е дека многу од овие бункери никогаш не биле користени до овој викенд. Криењето од ирански ракети сигурно не им било на ум на супербогатите што ги инсталирале во своите домови.

Сето тоа се промени во саботата, кога аеродромот во Дубаи и луксузните хотели Фермонт Палм и Бурџ ал Араб беа погодени без предупредување, оставајќи делови од силуетата на градот во пламен. Мерките на претпазливост преземени против закани како што се киднапирања или вооружени напади одеднаш добија нова намена, особено затоа што се стравува од повеќе напади во наредните денови.

Засолништа за супербогатите

Многу од најлуксузните приватни резиденции во Дубаи се опремени со слични безбедносни системи. Еден од најскапите имоти во градот, Мермерната палата во населбата Емирати Хилс, продаден минатата година за околу 99 милиони евра, се вели дека има и неколку соби отпорни на бомби и сопствена трафостаница.

Аргус Секјурити, компанија со седиште во Дубаи, произведува сефови отпорни на експлозии и тајни соби по нарачка, дизајнирани да заштитат од насилни напади, вклучително и оние извршени со автоматски пушки АК-47 од блиску. Ваквите соби сега би можеле да послужат и како засолништа од ракетни напади.

За оние без специјално утврдени простории, најсовремените теретани, често сместени во подрумите на луксузните згради, станаа импровизирано засолниште. Многу петзвездени хотели, исто така, ги насочија гостите кон заштитени области подалеку од прозорците за време на нападите.

Кралската палата како тврдина

Палатата Забил, дом на владетелите на Дубаи, семејството Ал Мактум, е една од најсилно утврдените згради во целиот Емират. Се верува дека кралскиот имот, чуван 24/7 од вооружени чувари, има неколку високотехнолошки безбедни простории достапни со допир на копче, како и сопствено независно напојување кое би можело да го заштити кралското семејство со недели.

 

@wanderlustgurl816 POV: You’re living your best life in a palace on the Palm 💎 #ZabeelZaray #JumeirahZabeelSaray #ZabeelSaray #DubaiLuxury #LuxuryTravel ♬ Golden Hour – Violin Version – ViOLiNiA Zhanna Stelmakh

Иако палатата би можела да стане цел во случај на ескалација на конфликтот, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум покажа решителност појавувајќи се на прошетка низ трговскиот центар Дубаи претходно оваа недела, додека многу од најбогатите жители на Дубаи ги искористија социјалните медиуми за да ја изразат својата доверба во него и во војската на Емиратите.

@thebloomingman Alhamdullah the United Arab Emirates, Kuwait, Oman, Qatar, ksa and Bahrain are all ok, you haters find something els to do #ebraheemdubaibling #thebloomingman #ebraheemAlsamadi ♬ original sound – andrew_wave

Славните личности се кријат во подрумски теретани

Ѕвездата на „Dubai Bling“ на Нетфликс, Ебрахим Ал Самади, кувајтско-американски бизнисмен, кој вреди околу 43,6 милиони долари, сподели видео од својата подземна теретана со своите 1,2 милиони следбеници.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, откри дека тој, неговата сопруга Кејт и нивните најмлади деца се засолнија во подрум откако го почувствуваа влијанието на „застрашувачките“ ракетни напади во близина на нивниот дом.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Ние сме безбедни“

Поранешната ѕвезда на ријалити, Кејт Фердинанд, во неделата се појави на Инстаграм за да ги информира своите следбеници за ситуацијата. „Ви благодарам за сите пораки и извинете за тишината, не сакав да ве загрижам сите, едноставно не можев да ги најдам вистинските зборови. Ние сме безбедни“, напиша таа.

„Владата одлично ја одржува ситуацијата така и покрај мојата нервоза, чувствувам дека сме во многу сигурни раце. Се надевам на помирна ноќ, но синоќа беше многу страшно. Иако Кри и Шеј уживаа бидејќи не можеа да поверуваат дека сите спиеме заедно во подрум“, додала таа.

Други познати личности кои живеат во ОАЕ, како Луиза Зисман, исто така јавно ги споделија своите искуства. Зисман рече дека била надвор со своите деца кога слушнала четири експлозии во неделата, поради што во паника го напуштила паркот и веднаш го однела своето семејство внатре. Таа ја опиша ситуацијата како „надреална и страшна“, но додаде дека верува дека одбранбениот систем на ОАЕ ќе ги заштити жителите.

Луиза Зисман во импровизираниот „бункер“ во Дубаи/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа рекла и дека некои од нејзините пријатели спиеле со своите деца во подруми. Иако таа не го планирала тоа, за секој случај подготвила импровизиран „итен“ простор во подрумот: ограда за кучето, неколку ќебиња и малку вода во фрижидерот.

– Сигурна сум дека до тоа нема да дојде, но сакам да бидам подготвена – објаснила таа.

Инфлуенсерка во Дубаи ги снимала ракетите, па ја разбесни јавноста со една реченица

ФОТО | Српска манекенка итно евакуирана од Дубаи: „Да се ​​доживее нешто вакво…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот