ФОТО+ВИДЕО | Легендарниот комичар Мел Брукс доби почесен Оскар на 97 години

Керол Литлтон, Мел Брукс, Анџела Басет и Мишел Сатер со нивните статуетки / Фото: Robyn BECK / AFP / Profimedia

Комичарот Мел Брукс, актерката Анџела Басет и монтажерката Керол Литлтон добија почесни Оскари на 14. издание на Гувернеровите награди, во организација на Академијата за филмски уметности и науки.

На свеченоста во Лос Анџелес присуствуваа бројни ѕвезди, меѓу кои Мартин Скорсезе, Кристофер Нолан, Пенелопе Круз, Натали Портман, Леонардо Дикаприо и Бредли Купер, јавуваат американските медиуми.

Бредли Купер, Натали Портман и Леонардо Дикаприо на црвениот тепих / Фото: EPA

Годинашната хуманитарна награда „Џин Хершолт“ отиде во рацете на Мишел Сатер, влијателната основачка и долгогодишна директорка на уметничките програми на Институтот Санденс.

Гувернеровите награди ги организира Одборот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, со цел да се оддаде признание за придонесот во филмската индустрија и животните достигнувања.

Настанот порано беше дел од програмата на Оскарите, но беше исклучен во 2009 година и оттогаш говорите на церемонијата не се временски ограничени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот