ФОТО+ВИДЕО | Кратка фризура и огромни очила за сонце: Деми Мур е непрепознатлива
Со своето појавување на ревијата на „Гучи“ за време на модната недела во Милано, актерката Деми Мур стана тема на разговор поради нејзината драстична трансформација.
Препорачано
На првата голема ревија на новиот креативен директор Демна Гвасалија за сезоната есен/зима 2026 година, актерката покажа целосно нов изглед со кратка „боб“ фризура, која во комбинација соогромните очила за сонце ја направи речиси непрепознатлива за многумина.
Целата облека потсети на модните трендови од раните 2000-ти. Таа носеше црна комбинација, тесна мото кожена јакна и ултра тесни кожени панталони.

Со оваа комбинација, таа ги разбуди спомените на култните модни комбинации на „Гучи“ кои некогаш ги носеа Викторија и Дејвид Бекам. Таа, исто така, носеше црни салонки, структурирана чанта.
Мур на ревијата дојде со своето мало куче Пилаф, кое го држеше во скут додека седеше на ревијата и се фотографираше на црвениот тепих. На настанот таа се сретна и со Донатела Версаче.
@nssmagazine Demi Moore has just arrived at Gucci FW26 in Milan #demimoore #gucci #tiktokfashion #fashionshow #mfw ♬ The Substance Soundtrack – Polina | Film & TV Girl 🍿


