ФОТО+ВИДЕО | Кортни Кардашијан се сврши со тапанарот, ќе паднете во несвест кога ќе го видите огромниот дијамант

Instagram
ФОТО: Инстаграм

По долгата и бурна врска со Скот Дисик (38) со кого има и три деца, 42-годишната ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан за првпат се сврши, и тоа со тапанарот Тревис Баркер (45) со кого е во љубовна врска неколку месеци.

Имено, парот викендов се свршил во Монтесито, Калифорнија, а среќната вест ја споделија и тие и нивните блиски на профилите на Инстаграм.

Тапанарот Баркер клекнал пред хотелот „Роузвуд Мирамар бич“ опкружен со рози и свеќи, со што ја изненадил Кортни која со години во реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ зборуваше дека никогаш нема да се омажи.

„Засекогаш“, напишала Кортни во објавата на Инстаграм на која се гледа како таа и Тревис стојат прегрнати на плажа.

На раката на Кортни сега блеска огромен дијамантски прстен.

image

24sata

Фото: Инстаграм

Набргу по свршувачката, видеото со огромен свршенички прстен го сподели со јавноста најпознатата сестра од кланот Кардашијан, Ким, заедно со песната на Бруно Марс „Marry you“.


Да потсетиме, славниот пар со месеци привлекува внимание објавувајќи страсни фотографии. Не се срамат да ја покажат својата љубов во јавноста, иако некои обожаватели сметаат дека некои работи треба да се остават во приватност.

Kortni Kardašijan, Travis Barker, veridba

Фото: Профимедиа

Фотографиите од нивната страсна љубов, двојката веќе неколку месеци ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот