ФОТО+ВИДЕО | Кејтлин Џенер откри како се чувствува ќерка ѝ откако стана мајка: Семејството ни станува огромно!

Кејтлин Џенер/Принскрин/Јутуб
Кејтлин Џенер/Принскрин/Јутуб

Кејтлин Џенер откри како е Кајли Џенер откако стана мајка за вторпат.

Речиси недела дена откако Кајли радосно сподели со инстаграм -заедницата дека роди момченце, и Кејтлин Џенер за фановите раскажа малку новости за најновиот член на семејството.

Имено, Кајли и Тревис Скот веќе ја имаат малечката Сторми, а за „Good morning Britain“, Keјтлин зборуваше во интервјуто за тоа дека сега цело семејство е посветено на новото внуче.
Потврувајќи дека Кајли е добро, додаде:

„Тие се супер, и на Кајли ѝ  оди одлично. Знаете, сега се толку многу деца, толку многу прослави, родендени, морам сите датуми да ги запишувам во компјутер“ – вели радосната баба.

Пред неколку дена Кајли потврди дека нејзината ќеркичка Сторми Вебстер ќе стане поголема сестричка. Семејството блескаше од среќа и коментираше само убави работи на нејзината објава, и сите го споделија своето воодушевување за доаѓањето на најновиот член.

ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер е бремена: Ријалити ѕвездата ја потврди среќната вест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот