Фото: Pompeii Sites / X

ФОТО+ВИДЕО | Извонредни детали и бои: Нови фрески откриени во вила во близина на Помпеја

Нови фрески и комори се откриени во вила на периферијата на древниот римски град Помпеја, на југот на Италија, пренесуваат странските медиуми.

Археолозите открија фрески со извонредни бои и детали во вилата на Попеја во населбата Оплонтис, кои датираат од средината на првиот век од нашата ера.

Се верува дека вилата ѝ припаѓала на Попеја Сабина, втората сопруга на римскиот император Нерон, или на нејзиното семејство.

Археолозите открија речиси целосна фреска од женски паун, чија глава недостасува, како и фрагменти од театарска маска што се користела во комедии, додека претходни маски за трагедии беа пронајдени во истата област.

Истражувачите, исто така, открија отпечатоци од дрвја во градината на вилата, формирани во лавата, како и четири комори, покрај 99 претходно ископани, од кои се верува дека една била термална бања.

Директорот на археолошкиот парк, Габриел Кухтригел, рече дека овие откритија даваат перспектива за нови истражувања и проучување на интеракцијата помеѓу жителите на Помпеја и природната средина.

Античкиот град Помпеја, кој се наоѓа во близина на Неапол, бил уништен од ерупцијата на вулканот Везув во 79 година од нашата ера, но неговите урнатини преживеале со векови под дебели слоеви пепел и лава, потсетува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот