ФОТО+ВИДЕО | Годините се само бројка: Американка скокна со падобран на 104 години

Фото: Brian Cassella / Zuma Press / Profimedia

Жена од Чикаго, на 104-годишна возраст, се надева дека ќе добие сертификат за најстарата личност која некогаш скокнала со падобран, по нејзиниот вчерашен тандем скок, кога слетала на аеродром во северниот дел на сојузната американска држава Илиноис.

„Годините се само бројка“, рекла Дороти Хефнер пред воодушевената толпа, веднаш по слетувањето на аеродромот за падобранци во градот Отава, на околу 140 километри од Чикаго, објави „Чикаго трибјун“.

Фото: Brian Cassella / Zuma Press / Profimedia

Рекордот за најстар падобранец на светот во Гинисовата книга на рекорди го постави 103-годишната Рут Линеа Ингегард Ларшон од Шведска, во мај 2022 година.

Од аеродромот Скајдајв Чикаго сакаат скокот на Дороти Хефнер да биде внесен како нов светски рекорд, објави локалната телевизиска станица WLS.

Фото: Brian Cassella / Zuma Press / Profimedia

103-годишна жена скокна со падобран и го собори светскиот рекорд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот