ФОТО+ВИДЕО | Дворот на Николина Пишек уништен поради невремето во Загреб: Водителката ги предупреди граѓаните…
Хрватската водителка Николина Пишек се огласи од Загреб, каде што во моментов има голема бура. Водителката објави видео каде што го покажа својот двор, кој поради силниот ветар и дожд е уништен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Заедно со видеата од нејзиниот двор, Николина покажала и автомобил во близина на нејзината куќа, врз кој паднало дрво.
– Избегнувајте го Тушканац додека не се санира – ги предупредила граѓаните за населбата во Загреб.

Да потсетиме, хрватските метеоролози испратија итно соопштение во кое ги предупредуваат граѓаните за големата промена на времето што ќе ја погоди Хрватска во четвртокот. За два региона е активиран највисокиот, црвен метео-аларм.
– Поради појавата на обилни врнежи од снег, дежурните метеоролози на ДХМЗ го кренаа степенот на предупредување за регионот Госпиќ на највисоко – црвено ниво (времето е исклучително опасно). Во четврток се очекува подебела снежна покривка, на некои места околу 50 см нов снег со силен бурен североисточен ветар (портокалово предупредување), што повремено ќе предизвика снежни бури. Се очекуваат прекини во патничкиот, железничкиот и воздушниот сообраќај, како и опасност возачите да бидат завеани, поради што се препорачува да се избегнуваат патувања што не се неопходни – пренесе „Јутарњи.хр“.

Миша Гроф се откажа од судењето со снаата Николина Пишек: Ги повлеков сите тужби


