Иман и Дејвид Боуви / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Десет години по смртта на Дејвид Боуви: Легендарната манекенка на 70 години воодушеви на црвениот килим

Легендарната манекенка Иман, вдовица на музичката икона Дејвид Боуви, се појави на црвениот килим на „Есенската гала на Американскиот балетски театар“ во Њујорк и воодушеви со својот изглед.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMAN (@the_real_iman)


На 70-годишна возраст, Иман сè уште зрачи со елеганција и самодоверба, а нејзиното ретко појавување во јавноста привлече големо внимание.

Супермоделот кој се повлечд од јавниот живот по смртта на Боуви во 2016 година, блеснал во прекрасен сатенски фустан со раскошни слоеви, кој бил украсен со црвен цветен вез, кој го нагласил неговиот предниот дел.

Иман го надополнилна изгледот со дијамантска белегзија и обетки, додека фризурата во ретро стил – кратка боб фризура со гламурозни кадрици – дополнително го нагласила нејзиниот беспрекорен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mickey Blank 🗽 (@mickmicknyc)

Иман пристигнала на настанот за да ја поддржи балерината Мисти Коупланд, која неодамна се збогувала со Американскиот балетски театар, завршувајќи ја брилијантната кариера како првата Афроамериканка што ја зазела позицијата главна балерина во историјата на организацијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMAN (@the_real_iman)

Откако го загуби сопругот, Иман ретко се појавува на јавни настани. Во едно интервју, таа признала дека периодот по смртта на Боуви бил исклучително тежок за неа:

„Беше премногу. Живеевме многу повлечено и одеднаш се чинеше како да сме станале мета – јас и ќерка ми. Луѓето постојано стоеја пред нашата куќа, што го разбирам, но во еден момент морав да кажам: „Доста, одете дома“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMAN (@the_real_iman)

Таа исто така раскажала дека нивната љубовна приказна всушност била судбина. Иман и Боуви се запознале на состанок на слепо во 1990 година, организиран од неговиот фризер, но исто така открила дека нивните патишта повеќепати се вкрстувале и пред тоа:

„Првпат бев на неговиот концерт во Њујорк во 1976 година. Ме поканија да се запознаам со него зад сцената, но јас не отидов. Подоцна, секогаш одев на неговите концерти, но никогаш не го запознав. Судбината го чекаше својот момент“, раскажала Иман.

Нивниот брак траешд 23 години, сè до смртта на Боуви во 2016 година по битката со ракот на црниот дроб. Оттогаш, Иман се посветила на семејството и нивната ќерка, Александра Захра Џонс, а денес вели дека нејзиното семејство е нејзин највисок приоритет:

„Денес, се гледам себеси, пред сè, како мајка и баба – тоа е моето место во животот“, рекла легендарната Иман.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMAN (@the_real_iman)


Со насмевка, таа додала дека единственото нешто што ја спречува на 70-годишна возраст се високите потпетици:

„Не можам повеќе да носам потпетици. Ги знам своите граници“ се пошегувала манекенката, која сè уште е олицетворение на грациозност и стил.

Иман се сеќава на својот покоен сопруг Дејвид Боуви: Никогаш повеќе нема да се омажам

Омаж на вечната љубов: Иман со својот прв парфем ја овековечи љубовта кон Дејвид Боуви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот