Иман се сеќава на својот покоен сопруг Дејвид Боуви: Никогаш повеќе нема да се омажам

Instagram

Сомалиската манекенка Иман прозборе за нејзиниот покоен сопруг Дејвид Боуви, нарекувајќи го нејзината „вистинска љубов“ и дека никогаш повеќе нема да се омажи.

Знаете, тој беше мојата вистинска љубов. Мојата ќерка еднаш ме праша дали некогаш повторно ќе се омажам и ѝ реков: – Никогаш“, изјави 65-годишниот супер модел за „Harper’s Bazaar UK“.

Instagram
Instagram

Иман и Боуви стапија во брак во 1992 година. Заедно ја добија ќерката Лекси. Дејвид почина од рак на црниот дроб во 2016 година. Таа раскажа дека нивниот живот бил „вообичаен“ и дека посакува да имале повеќе време заедно.

Instagram
Instagram

Не можеше да биде повообичаен… Тоа беше навистина секојдневен брак. Тој беше многу смешен, топол џентлмен – знаете, сите зборуваа за него дека е футурист, но не, тој не беше… Тоа беше убав, обичен живот и тоа беше она што беше одлично во врска со тоа. Можевме да живееме во Њујорк, да ја зимаме нашата ќерка од училиште, да шетаме насекаде… Знаете, би сакала да имавме повеќе години“, изјави Иман.

Instagram
Instagram

Моделот опиша и како се чувствува околу годишнината од смртта на Боуви, нарекувајќи го „најтажното време“. Петгодишнината од неговата смрт е на 10 јануари. Таа, сепак, чувствува дека пејачот сè уште е со неа.

Instagram
Instagram

Тој се крие наоколу… Неговите обожаватели сè уште се околу, неговата музика сè уште е актуелна… На денот кога почина, тргнав на пешачење и пред мене леташе сина птица“, изјави таа.

Видео на денот