ФОТО+ВИДЕО | „Белата надмоќ на дело“: Ослободувањето на Кајл Ритенхаус ја подели земјата, демонстрантите излегоа на улица

Фото: EPA

Вчеравечер во Портланд околу 200 демонстранти кршеа прозорци и пукаа во полицијата, откако судот во Кеноша, Висконсин, пресуди ослободителна пресуда за Кајл Ритенхаус, кој лани за време на протести во градот поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џејкоб Блејк од страна на полицаец, стрелаше и усмрти две лица, а повреди уште едно.

Шерифите прогласија состојба на немири во центарот на градот по „насилното, деструктивно однесување на значителен дел од толпата“.

Полицијата употреби звучници за да ја замоли толпата да се растера или да се соочи со употреба на сила, вклучително и со „пепер спреј и огнено оружје“. До 23 часот, толпата во голема мера се разотишла.

Во Кеноша, на скалите на зградата на судот, дошло до конфликт меѓу приврзаниците на спротивставените страни, нешто што олицетворува сосема различни призми низ кои поделената Америка гледа на случајот.

Протестни маршеви се одржаа и во Чикаго и Њујорк.

Со реакцијата што доаѓа од двете страни на политичкиот јаз, случајот Ритенхаус ја подели земјата, при што многумина укажуваат на асиметријата помеѓу начинот на кој органите на прогонот ги третираат вооружените белци и демонстрантите против расизмот.

Ритенхаус стана „ѕвезда“ за многу конзервативци, кои собраа пари за неговиот адвокатски тим.

По објавата дека Ритенхаус е ослободен од сите обвиненија, политичарите и јавните личности преку социјалните мрежи го искажаа својот став за пресудата.

Бернис Кинг, министерка и ќерка на Мартин Лутер Кинг Џуниор, напиша на Твитер: „Правдата не е само во пресудите. Тоа е континуитет. Можеме да поттикнеме промена во нашата култура, вклучително и оспорување на разликата во тоа како црн тинејџер би бил ангажиран во Кеноша“.

Обраќајќи им се на новинарите, американскиот претседател Џо Бајден рече дека стои зад одлуката на судот.

– Стојам зад она што го заклучи судот. Системот на поротата функционира, рече Бајден пред да одговори на прашањата за неговото здравје по колоноскопијата што ја направи претходно истиот ден.

Во подоцнежната изјава, американскиот претседател апелираше на смиреност.

– Иако многу Американци ќе почувствуваат гнев или загриженост по пресудата, а јас сум меѓу нив, мора да прифатиме дека поротата ја донесе одлуката. Ветив дека ќе ги соберам заедно Американците, бидејќи верувам дека она што не обединува е многу поголемо од она што не разделува, изјави синоќа Бајден.

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот