ФОТОГАЛЕРИЈА | Спектакл на небото: Втора Супермесечина го разубави светот вчеравечер
Ретка сина Супермесечина вчеравечер го осветли небото над нашата планета, а глетката беше сензационална.
Луѓето ширум светот имаа можност овој месец да видат две супермесечини, од кои првиот ваков феномен на небото се појави на 1 август.
Сината месечина всушност не е сина по боја, терминот означува втора полна месечина во рок од еден месец. Феноменот на супермесечина се случува кога полната месечина е на нејзината најблиска точка до Земјата, што ја прави да изгледа до 14 отсто поголема и 30 отсто посветла во споредба со она кога е најоддалечена.
Последен пат две полни супермесечини се појавија во ист месец во 2018 година и тоа нема да се повтори до 2037 година.