ФОТОГАЛЕРИЈА | Што видовме на црвениот тепих на Греми: Дамите го истакнаа деколтето во преден план
Ноќта на најважните музички награди донесе и некои важни модни моменти. Ѕвездите не разочараа додека позираа на црвениот тепих на 66. доделување на наградите Греми во Лос Анџелес. Резимето на црвениот тепих ни го даде она што го баравме: поп гламур со високи вибрации.
Во морето згодни дами, успеавме да одбереме некои убавици кои најмногу се истакнаа со изборот на стајлингот. Впечатливи креации на големата победничка на вечерта Тејлор Свифт, Мајли Сајрус, Кајли Миног, Доџа Кет, Дуа Липа…
Тејлор се одлучи за фустан сличен на венчаница, но со голем изрез до колкот, Мајли го покри извајаното тело со златна мрежа, Кристина Агилера се појави уште послаба од вообичаено, Кајли Миног во огнено црвена тоалета, Дуа Липа со длабоко деколте и изрези на половината…