Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Ја освои четвртата Греми статуетка за албум на годината и со една најава ги фрли обожавателите во транс

Пејачката Тејлор Свифт (34) испиша историја на доделувањето на Греми и стана музичар со најмногу победи во категоријата албум на годината. Имено, таа вчера ја освои четвртата статуетка за нејзиниот албум „Midnights“. Претходно, оваа награда ја доби за албумот „Fearless“ во 2009 година, за „1989“ во 2015 година и за „Folklore“ во 2021 година.

Откако ѝ беше доделена наградата, Свифт изјави: „Би сакала да кажам дека ова ми е најдобриот момент во мојот живот, но вака среќно се чувствувам и кога создавам нова песна. Работата е вистинска награда за мене. Сè што сакам е и понатаму да можам да го правам тоа што го сакам. Тоа ме прави многу среќна“.

Фото: Robyn BECK / AFP / Profimedia

На голема среќа на нејзините обожаватели, Свифт најави дека нејзиниот претстоен 11-ти студиски албум „The Tortured Poets“ ќе излезе во април.

Свифт имаше шест номинации на наградите Греми – албум на годината („Midnights“), поп вокален албум („Midnights“), песна на годината („Anti-Hero“), запис на годината („Anti-Hero“), поп соло изведба („Anti-Hero“) и поп изведба на дуо/група („Karma“ со Ајс Спајс). Таа победи и во категоријата за најдобар поп вокален албум, исто така за „Midnights“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот