ФОТОГАЛЕРИЈА | Кој е Пит Дејвидсон, новата „љубов“ на Ким Кардашијан: Заведе куп светски убавици
Откако се појави фотографијата на која младиот комичар ја држи Ким Кардашијан во рака, многумина на социјалните мрежи се прашуваат како успева да ги заведе најубавите актерки, манекенки и пејачки на денешницата, бидејќи не се вклопува во стандардната претстава на холивудски заводник.
Откако Ким Кардашијан го бакна Пит Дејвидсон во скеч за време на неодамнешното гостување во „Saturday Night Live“ пред камерите, тие беа видени како се држат за раце додека се возат на ролеркостер во забавен парк. Извори блиски до ријалити ѕвездата истакнуваат дека Ким и Пит се „само пријатели“, но и дека е „заинтригирана“ и дека ѝ се допаѓа младиот комичар и актер!
kim kardashian and pete davidson at knott’s scary farm pic.twitter.com/2yzZKp9tDX
— best of pete davidson (@davidsonupdate) October 31, 2021
Дејвидсон досега – колку што знае јавноста – ги освои две децении постарата британска актерка Кејт Бекинсејл, поп-ѕвездата Аријана Гранде (со која беше дури и свршен), ќерката Синди Крафорд – манекенката Каја Гербер, актерката и ѕвездата од „Бриџертон“ Фиби Диневор, ќерката Енди Мекдауел – актерката Маргарет Кволи…
Фото: Профимедиа – Пит Дејвидсон и Аријана Гранде
Неговиот љубовен живот е секогаш тема во медиумите, а многумина истакнуваат дека не им е јасно со што ги заведува и залудува Пит Дејвидсон славните убавици, па веста за неговата блиска врска со Ким Кардашијан привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Фото: Профимедиа – Пит Дејвидсон и Каја Гербер
„Убеден сум дека Пит Дејвидсон е нешто како задолжителна порота за познатите личности и дека во одреден момент повеќето ќе бидат повикани да бидат со него“, се пошегувала една твитерџика.
Фото: Профимедиа – Пит Дејвидсон и Кејт Бекинсејл
Како што еднаш објаснил самиот Пит, тој нема некоја посебна тајна, тој е отворен само кога некој му се допаѓа.
– Јас сум многу, многу искрен. Мислам дека многу луѓе презентираат верзија од себе каква што би сакале да бидат, но тоа се открива со текот на времето. Ако ми се допаѓаш, навистина ми се допаѓаш – вели Пит и истакнува дека играњето игри во љубов „само создава нервоза и многу стрес, а од тоа веќе има доволно“.
– Клучот е во комуникацијата – изјавил тој пред неколку месеци за време на гостувањето во една радио емисија.
Фото: Профимедиа – Пит Дејвидсон и Фиби Диневор