Зои Блаж со семејството / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Зимска идила: Инфлуенсерката Зои Блаж ужива во првиот снег со ќеркичката Мариа

Нашата инфлуенсерка и мејкап артистка Зорица Матијашиќ, или позната како Зои Блаж и нејзиниот сопруг, ракометарот Тадеј Матијашиќ оваа зима доживуваат посебни и незаборавни моменти.

Имено, среќниот пар за првпат ужива на снег заедно со ќеркичката Мариа. Зои на својот инстаграм-профил ја сподели радоста од овие семејни моменти преку низа фотографии.

„Нашиот прв снег“, напиша таа кратко покрај објавата.


На фотографиите може да ја видиме живописна природа на германскиот град Зелб во која Зои, Тадеј, малата Мариа и нивното кученце уживаа.

Семејните фотографии зрачат радост, нежност и љубов, па следбениците на Зои не штедеа на позитивни коментари.

Интервју со Зои Блаж: Мариа ми е најголемиот дар и исполнување по долгата борба да станам мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот