ФОТО | Зелена салата од грав со лепчиња од само три состојки од Надежда Шодан

Надежда Шодан/Instagram
Надежда Шодан/Instagram

Надежда Шодан е од оние ликови на инстаграм чии фотографии од храна се радост за сите сетила, инспирација за непцето и мелем за душата. Надежда ужива во готвењето, а денеска ни сподели свој омилен и навистина уникатен рецепт.

Состојки:

  • 1 шолја грав
  • 1 среден кромид (или неколку млади кромитчиња)
  • 1 лукче
  • 1 лимон или зелен лимон
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • Свежи билки (врзоп магдонос, мента, копар, босилек, коријандер)
  • За лепчињата:
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 шолја брашно (половина бело, половина интегрално пченично)
  • 1 лукче
  • 1 голема лажица прашок за пециво
  • За премачкување на лепчињата:
  • Една лажица растопен путер
  • Една лажица маслиново масло
  • Едно сецкано лукче
  • Малку сецкан магдонос

Подготовка:

Гравот се кисне преку ноќ, па утредента се цеди и се вари, додека не омекнат зрната – но не премногу, треба да остане целото зрно.

Лимон, магдонос, зачини
Лимета и зачини/Надежда Шодан

Останатите состојки за зелениот сос се ставаат во блендер или сецко, и се мешаат додека не се добие посакуваната конзистенција. Доколку сакате мазен сос, блендирајте подолго.

На изладениот грав додадете му неколку лажици од сосот, измешајте и послужете.

Прелив/Надежда Шодан
Прелив/Надежда Шодан

За лепчињата, во подлабок сад ставете го киселото млеко, лукче поминато на преса, пецивото, па брашното. Прво мешајте со лажица, па префрлете на набрашнета површина и додавајте брашно за да замесите меко тесто. Веднаш поделете го на 6 еднакви делови и секој дел расукајте го, но не претенко, бидејќи ќе ви се кинат. Се печат на нелеплива тава, убаво загреана, по неколку минути од двете страни, додека не заруменат, па веднаш се премачкуваат со смесата од путер, лук и магдонос.

Салата од грав и лепчиња/Надежда Шодан
Салата од грав и лепчиња/Надежда Шодан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот