ФОТО | Засадете го ова цвеќе на терасата или во градината и претворете го летото во магија: Мини розите ќе доминираат оваа сезона!

Фото: Профимедиа

Цвеќе кое ќе го разубави секое катче…

Мини розите оваа година ќе доминираат на терасите, во градините, на прозорците, па прочитајте го овој совет за одгледување на овој прекрасен цвет.

Мини розите можете да ги засадите на балконот, терасата или во градината, но и да ги чувате во домот. Важно е притоа позицијата на која ќе биде поставена саксијата да има доволно сонце. Розите го обожаваат сонцето. Земјата во која било кој вид на роза е засадена мора да биде влажна. При садењето на дното на саксијата ставете малку песок, делчиња од цигла или камчиња со цел да може вишокот вода да истече.

Розите е најдобро да се залеваат со дождовница или отстоена вода. Мини розите сакаат и влажен воздух, па повремено добро е да ги попрскате со вода. По цветањето задолжително отсечете ги исушените делови и цветови.

Еднаш годишно билката треба да се искастри, а тоа ќе поттикне ново цветање. Есента е најдобро време за кастрење. Секогаш кастрете ги розите со остри ножици под агол од 45 степени.

За оваа билка најдобро е да презими во ладна и светла просторија. Во периодот на мирување розите треба повремено да се залеваат со вода. За борба против болести на розите и вошки користете специјализирано средство исклучиво наменето за рози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот