ФОТО | За жал тие сè уште се достапни на интернет: Фотографии за кои Викторија Бекам би платила да бидат избришани од сеќавањата

Фото: Профимедиа

Денес важи за икона на стилот и за една од најубавите жени во светот, но тоа не било секогаш така…

Сопругата на Дејвид Бекам, поранешната пејачка и членка на групата „Спајс Грлс“ денес е сопственичка на модна империја и синоним за стил и позирање.

Викторија ретко ќе ја видите во јавноста насмеана бидејќи таа внимава на секој детаљ при фотографирањето и не си го дозволува тој луксуз на себеси да биде спонтана. Во склад со тоа, таа во секој момент е и беспрекорно облечена.

Меѓутоа, тоа не било секогаш така – порано таа беше само обична девојка, насмеана и опуштена, а нејзиниот стил не беше ниту приближен до овој денес.

Откако беше тинејџерка со откачена фризура, Викторија стана и позната пејачка и сè на нејзиниот изглед беше пренагласено: силиконски гради, фризура, шминка, да не зборуваме за облеката, а ова се фотографиите од минатото, кои и ден денес кружат на социјалните мрежи, а за кои веруваме дека Викторија Бекам дури и би платила само да ни бидат избришани од сеќавањата…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот