ФОТО | Во леопард од глава до пети, носи бунда од 11.000 евра: Лепа Брена ги покажа извајаните нозе на насловната на „Вог“
Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена (64) беше најголемата женска ѕвезда на поранешна Југославија, а во текот на кариерата постигна бројни успеси.
Лепа Брена, освен по своите хитови, со децении е позната и по својата витка фигура и неверојатно долгите, секси нозе.
Брена сега ја краси насловната страница на регионалното издание „Вог Адриа“ на најпрестижниот моден магазин „Вог“, а нејзиниот стајлинг привлече големо внимание во јавноста.
На една од фотографиите таа носи бунда од францускиот бренд „Алаја“, а цената на парчето е дури 11.000 евра.
Брена објави и фотографии на кои е облечена од глава до пети во леопард принт. Фотографиите се вистинско ремек-дело, а Брена изгледа феноменално.
View this post on Instagram
– На помладата себе би ѝ рекла дека животот е фантастичен. Но, и дека сè имаше своја цена – стои во описот на.
– Ми требаа многу сила и мудрост да останам ничија. И можеби тоа е мојот најголем успех – што покрај сè, успеав да останам своја – вели Брена во интервјуто за „Вог Адриа“.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Брена неодамна се осврна и на финансиите, а откри и колку ќе профитира по петте концерти во загрепската Арена.
– Јас никогаш не размислувам за заработката. Прашање е обезбедувањето еден квалитетен концерт, денес продукцијата е многу скапа. Едно е кога ќе излезеш со 10 музичари без скапа продукција, танчари, музичари, костими… Помина времето на вакви настапи. Денес организацијата на секој концерт чини над 200.000, 300.000 евра. Да размислувате дали сте инвестирале можеби 100.000 евра повеќе? За мене сега е поважно да ѝ се оддолжам на мојата публика во Загреб. Јас можам да излезам и со позитивна нула. Сите вакви концерти, со скапа продукција и организација, ако направиш еден или два, на нула си. Можеби третиот или четвртиот концерт се тие што се исплатат, но тоа мене, на оваа позиција, не ме интересира – заклучила Брена за хрватски „Стори“.