ФОТО+ВИДЕО: Се породи девојката на 53-годишниот милионер Џанлука Ваки – Дури и пред породувањето тие танцуваа!
Познатиот милионер и човекот кој едноставно обожава да танцува и својот гламурозен живот да го споделува на социјалните мрежи, Џанлука Ваки со својата девојка, 25 годишната Шенон Фонсека, го добија првото дете…
Шенон речиси цела бременост ја помина танцувајки покрај своето момче кое е вистински „зависник“ од танцување. А танцувањето не го заборавија ниту во болница, пред самите подготовки за породувањето на Шенон и сето тоа го објавија на социјалните мрежи.
Утрово Шенон се породи, а во таа чест Џанлука на својот Инстаграм профил објави емотивна фотографија, а во описот откри дека нивната штотуку родена ќерка ќе го носи името Блу Ерусалема Ваки.
Тој во описот напиша: Таа е со нас … Јас и Шарон сме среќни да објавиме дека утрово се роди нашата ќерка Блу Ерусалема Ваки. Фала му на Бога, таа е здрава и ние едноставно веќе ја сакаме повеќе од нашите животи.
Големиот шармер сподели и неколку видеа во кои тој го држи во раце своето прво дете….
Честитки!!!