ФОТО+ВИДЕО | Познатата фитнес инструкторка Елена Бубало со искрена објава за менливоста на телото

instagram

Елена Бубало е вистинска инспирација. По професија биохемиски инженер и професионална фитнес инструкторка како и основач на групни тренинзи „Total Body Workout by Bubalo“. Покрај своите професионални ангажмани, Елена е посветна мајка и сопруга.

Будало е една од оние жени кои присуството на социјалните мрежи го користат отворено да зборуваат за менливоста на телото, менталното здравје и личниот прогрес. Таа постојано споделува лични импресии и приказни од нејзиниот живот мотивирајќи ги своите пријатели, соработници и следбеници дека не се сами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Bubalo (@elenabubalo)

Така на прави и овој пат. Елена на својот инстаграм-профил пред неколку дена сподели неколку фотографии и видео, а описот на истите ви го пренесуваме во целост:

Ова сум јас, таа што ве мотивирам секој ден да се грижите за себе, но и да бидете реални спрема себе. Сликано во една иста минута, со супер позирање топ рамен стомак, насмевка и супер агол или со опуштено тело и со вишокот кожа после две деца! Па тоа е сосема нормално, а и секое тело е различно па како може да очекуваме сите да изгледаме совршено и исто“, вели Елена.

Стомачните и натртениот задник драги луѓе не е знак за здравје. Само затоа што некој има стомачни не значи дека е здрав, или ако некој ги нема не значи дека не е здрав. Тоа е толку променливо затоа фокусирај се на себе и своето здравје!“, продолжува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Bubalo (@elenabubalo)

Грижата за себе како вежбање, правилна исхрана, квалитетен сон стај ги на своето дневно мени во баланс со останатите обврски. Па вас тоа не ви е професија за цел ден на тоа да мислите и да го правите. Наспроти тоа, нас ни е професија и не треба поинаку да изгледаме а уште помалку да се фалиме со тоа, што би ми кажала моја блиска другарка па добро Елена тоа ти е работа, срамота е поинаку да биде“, додава Будало.

Затоа уште еднаш, натпреварувај се само со себе, труди се секој ден да бидеш подобар од вчера, иако и тоа не е секогаш возможно, но не се откажувај, затоа што не е еднократна програма. Тоа е програма за цел живот, за себе и за тие околу тебе. И доста филозофирам отидов да се гушкам со Андреј и Зои“, допиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот