Фото: Josh Walet / Sipa Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Највидливата поларна светлина досега го обои небото над Холандија

Поларната светлина, или аурора бореалис, беше видлива на небото над речиси цела Холандија во понеделникот вечер, објави „Дач њуз“.

Во Холандија, овој феномен може да се искуси еднаш до двапати годишно, но овој пат светлината беше значајно повидлива и подинамична, дури и преку објектив на камера. Светлината најдобро можеше да се види во областите поблиску до северот.

Поларната светлина настанува кога енергизирани честички од Сонцето удираат во горните слоеви на земјината атмосфера со исклучително голема брзина. Магнетното поле на Земјата ги пренасочува кон Северниот и Јужниот Пол, создавајќи бранови од обоена светлина.

Граѓаните од цела Холандија споделија фотографии на социјалните мрежи, вклучително и големите градови, каде што светлосното загадување (вид загадување предизвикано од претерано вештачко освелување) обично го попречува овој природен феномен, но овој пат беше сосема видлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот