ФОТО+ВИДЕО: Мала модерна куќичка каква што не сте виделе досега – Сите работи се сместени во неколку квадрати, а еден детаљ посебно ќе ве воодушеви!

Фото:Јутјуб/Принтскрин

Мал дом во кој со задоволство веднаш би се преселиле – погледнете како изгледа оваа уникатна модерна куќа!

Кога градите или уредувате мала куќа или стан, важно е да мислите на сите детали, односно дали овој простор ќе биде функционален за живот каков што сакате, а истовремено да го задоволи и вашиот естетски вкус за совршен дом.

Лили и Оли го претставија својот дом во емисијата „Living Big In a Tiny House“. Пред да ја направат оваа магична куќичка тие патувале често и престојувале во мали куќички со цел да стекнат чувство за различните простори, ги искристализирале своите желби и започнале со дизајн на уникатната мини куќичка на тркала.

Тие со месеци го цртале дизајнот на својот дом на хартија, подоцна го претвориле во 3D приказ и идејата полека станала дел од реалноста, а сонот на овој млад пар бил блиску до остварувањето.

Резултатот е фантастичен! Ја измислиле и изградиле својата мала и модерна куќа во која има простор апсолутно за се што е потребно. Ентериетот го исполнуваат уникатни дизајнерски елементи, во поткровјето се наоѓа просторот за спиење, направиле и повеќе паметни трикови за сместување на работите, пространа кујна и остава.

Она што посебно воодушевува е кадата која е вградена во тремот на куќата – идеално нешто за опуштање во топла купка, чаша вино и поглед во ѕвездите.

Оваа мала и едноставна куќа има се што е потребно за удобен живот!

Погледнете ги деталите во видеото…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот