ФОТО | Бриош пржени стапчиња: вкус на крофни за само 7 минути!

Бриош стапчиња/приватна архива
Бриош стапчиња/приватна архива

Сигурно кога имате вишок леб, си правите пржени лепчиња. Овој пат, се инспирирав од бриош лебот со краен рок до утре, кој ми останал во кујна и направив сладок појадок. Едно од имињата на францускиот тост е poor knights, или „сиромашните витези“, реферирајќи на едноставноста на рецептот, но и декаденцијата на сладок леб кој се пржи со јајца и шеќер.

Убавината на овие пржени стапчиња е во едноставноста. Се прават буквално за 7 минути!

Потребни состојки

  •  6 кришки стар бриош леб
  • 2 јајца
  • 1 лажица шеќер
  • 100 мл млеко
  • неколку капки ванилин екстракт
  • малку цимет
  • малку морско оревче

Подготовка

Во длабок сад, изматете ги јајцата и додајте млеко, шеќер, зачините и ванилин екстракт. Добро матете за да се стопи шеќерот. Бриош лебот исечете го на долги стапчиња и секое убаво извалкајте го во смесата од јајца и шеќер. Пржете на среден оган за да не ви изгорат. Додека се топли, посипете ги со шеќер во прав. Вкусот неодоливо потсетува на крофни, а се прават наједноставно на свет.
Служете ги со омиленото овошје и шолја чај или кафе.

Уживајте!

Бриош стапчиња/приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот