Фото: ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“  / Фејсбук

ФОТО | Вандали запалиле контејнери, a пожарот се проширил на фасадата на медицинското училиште во Битола

Додека повеќето граѓани се одмораа за празниците, во Битола горела фасадата на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, откако некој ги запалил контејнерите сместени во училишниот двор.

„Ја известуваме јавноста дека за време на празничните неработни денови, поточно на 11.04 во 1 часот и 30 минути по полноќ беше извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се прошири и предизвика оштетување на фасадата на задниот дел на објектот“, соопштија денес од училиштето.

Фото: ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“  / Фејсбук

Оттаму велат дека по навремена интервенција на противпожарната единица и полицијата, пожарот бил локализиран и спречени се поголеми последици.

„Случајот е пријавен и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите. Остро го осудуваме овој чин на уништување на јавен имот и апелираме до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница. Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста. Нема да толерираме вакви постапки“, се вели во соопштението.

Како на филм — насилници во Демиркаписко грабнале момче и го тепале во шума, го терале да признае дека силувало жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот