ФОТО | Украинската пејачка Џамала побегна во Турција: Оваа војна е глупост, правда за Украина!

Џамала/Принтскрин/Инстаграм
Џамала/Принтскрин/Инстаграм

Украинската поп ѕвезда Џамала која во 2016 година победи на Евровизија, по бегањето од Украина , најде засолниште во Истанбул, Турција кај својата блиска фамилија.

Пејачката со кримско-татарско потекло, Џамала во 2016 година ја претставуваше Украина на Евровизија. Таа сега ја напушти сопствената држава поради нападот на Русија. Сподели и видео пораки на својот инстаграм-профил за голготата која ја поминала со своите деца, откако без храна, четири дена патувале за да се спасат.

ФОТО | Евровизиската победничка со децата го напуштила Киев: Бевме четири дена без храна

Откако е во Истанбул, се појави и во живо во една емисија со јавна порака за мир и апел до светот дека војната е ужасна траума за сите.

„Русија ја напаѓа мојата земја. Мирните луѓе од украинските градови. За мене ова е глупост. Потребна ни е помош од целиот свет. Оваа војна мора да заврши веднаш!“, порача таа.

За време на викендот, пејачката на својот инстаграм-профил објави дека заедно со децата ја напуштиле Украина без нејзиниот сопруг кој останал да ја брани нивната држава.

По доаѓањето во Истанбул се вклучи во емисија во живо и зборуваше за напуштањето на нејзината земја.

„Вечерва пристигнав во Истанбул кај сестра ми. Одлучив да го напуштам Киев вечерта на 24 февруари кога во близина на мојата куќа се слушна експлозија. Одлучивме заедно со семејството да одиме во Западна Украина. Таму поминавме една ноќ со некои луѓе. Размислувавме таму да останеме и да чекаме да се разјасни ситуацијата“, изјави таа.

ФОТО | Украинската пејачка Џамала се огласи: Не сакаме војна, сакаме мир!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот