ФОТО | Убавите Србинки рамо до рамо со Кендал Џенер на фестивалот Коачела!

Фото: Инстаграм

Во тек е најпопуларниот музички фестивал во светот – Коачела, кој традиционално, меѓу другото, ги собира едни од најпознатите фаци во светот и познатите убавици кои сакаат да се забавуваат.

Модниот аспект на фестивалот е особано интересен, кој вклучува шарени, откачени, урбани комбинации и многу разголени детали.

Ирина Шајк, Кендал и Кајли Џенер, Хејли Бибер, Никол Шерцингер, Оливија Кулпо, Хајди Клум, Камила Мороне се само дел од познатите дами кои се најдоа на фестивалот, но и некои Србинки полудеа по Коачела!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall Jenner News (@kendallbestof)

Имено, српската блогерка Тамара Калиниќ беше „уловена“ на фестивалот, но таму се нашла и српската актерка Марија Каран која со години се движи во холивудските кругови, пред сè, поради бракот со сега веќе поранешниот сопруг – филмскиот продуцент Џоел Лубин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Згодната 39-годишна актерка очигледно ужива во Коачела со своите пријателки, а споделила и еден детаљ од самиот фестивал – позирала во тренди, секси издание на плажа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Марија изгледала кул во едноделниот црн костум со карнери, многу златни ѓердани и очила со тренди, минијатурни рамки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Karan (@marakaran)

Убавата актерка покажала и лице без шминка – докажувајќи дека изгледа една деценија помладо, и дека може да се пофали со свеж, блескав тен, а и нејзината лежерна фризура – благи кадрици го надополниле младешниот изглед.

Му ги прости модринките: Марија Каран се смири со поранешното момче

ФОТО | Рај за инфлуенсери: Модата на музичкиот фестивал „Coachella“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот