Му ги прости модринките: Марија Каран се смири со поранешното момче

Марија Каран/Фото: Профимедиа

Српската актерка неодамна беше во центар на вниманието поради бурното раскинување кое беше проследено и со физичка пресметка.

Актерката Марија Каран неодамна му се вратила на поранешното момче Владан Балабан со кој пред неколку месеци помина низ прилично голем скандал кога во јавноста се појави информација и видео дека овој ИТ експерт физички ја нападнал актерката.

Тогаш сите локални медиуми зборуваа за инцидентот во кој во една ноќ во Белград, Владан Балабан, наводно ја удрил Марија Каран во пределот на десната страна на лицето, а подоцна било откриено дека актерката исто така имала модринки и по нозете и колената поради што заврши во Ургентниот центар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Karan (@marija_kara)


Парот очигледно реши да го заборави целиот инцидент за кој јавноста може само да се надева дека бил прв и единствен во нивната комплицирана, емотивна и кратка, но бурна љубовна приказна. Пријателите на актерката не се среќни поради нивното смирување. Марија не сакаше официјално да ги коментира сознанијата на медиумите, исто како што не даваше изјави ниту за време на инцидентот кој се случи пред пет месеци.

Владан Балабан уште во ноември остро ги негираше наводите дека насилството од негова страна некогаш било сторено, а неговиот адвокат тогаш објасни дека Балабан тогаш единствено морал да го брани својот имот кој во тој момент бил загрозен, нарекувајќи го Балабан угледен граѓанин кој воедно е и член на Управниот одбор на Сојузот на хокеари на лед во Србија. Марија Каран на сослушувањето тврдеше дека Владан не ја удрил и дека таа сама паднала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот