ФОТО | Твитот на Бен Стилер по нападот врз Трамп предизвика вистински хаос во јавноста
Познатиот холивудски актер Бен Стилер се најде на мета на жестоки критики поради објава на социјалната мрежа „Икс“, која несреќно се поклопи со инцидентот на вечерата на дописниците во Белата куќа, каде што дојде до пукање. Додека претседателот Доналд Трамп итно беше евакуиран од салата по петте истрели што одекнаа во хотелот, Бен Стилер ја славеше победата на неговиот омилен кошаркарски тим, што предизвика лавина од поделени реакции.
Препорачано
Стилер, кој е долгогодишен и верен навивач на „Њујорк никс“, во живо на „Икс“ го коментираше натпреварот против „Атланта хокс“. Неговиот тим победи со резултат 114 – 98, а актерот во моментот на победата напиша само еден збор:
„Завршено“.
Got it done
— Ben Stiller (@BenStiller) April 26, 2026
Иако објавата јасно се однесуваше на исходот од кошаркарскиот натпревар, таа беше објавена само дваесетина минути откако Трамп и другите високи функционери беа евакуирани поради обидот за атентат.
Поради неверојатното поклопување на настаните, многу корисници на социјалните мрежи беа збунети и згрозени.„Тајмингот на оваа објава е прилично луд“, „Бен, навистина се надевам дека ова не се однесува на обидот за атентат врз претседателот Трамп“, додаде друг.

Сепак, голем дел од фановите застанаа во негова одбрана, истакнувајќи дека луѓето во коментарите се „идиоти“ што не сфаќаат дека тој слави победа во плеј-офот.
„Кутриот само сака да објави за кошарка и за ’Никс‘, а не може да има мир“, гласеше еден од коментарите во негова поддршка.
Ова не е првпат спортски навивачки страсти на социјалните мрежи да бидат погрешно протолкувани во моменти на светски кризи, но овој „темпиран“ твит на Стилер дефинитивно влезе во историјата на најнесреќните објави на Холивуд.


