Рудари заглавени во нелегален рудник за злато во Колумбија/Фото: Икс

ФОТО | Трилер во нелегален рудник за злато во Колумбија, заробени 18 рудари

Најмалку 18 работници во рудник за злато во северозападна Колумбија се заробени во рудникот откако во него се случила „сериозна несреќа“.

Како што денес објави владата, несреќата се случила во Ремедиос, во департманот Антиокија во Колумбија, и „се чини“ дека станува збор за „нелегален“ ископ на руда.

„Активирани се сите протоколи за итни случаи“ за спасување на рударите за злато, истакна вчера, четврток, министерот за рудници и енергетика Едвин Палма во објава на социјалната мрежа Икс.

„Претпоставуваме“ дека тие сè уште се живи, соопшти неговото министерство, без да ги прецизира причините за несреќата.

Јарле Еразмо Марин, портпарол на локалниот синдикат на рудари, за АФП изјави дека по „механички дефект“, се урнала структура наменета за спречување на лизгање на земјиштето, „блокирајќи“ го главниот излез на рудникот.

Фотографиите објавени од Националната служба за рудници покажуваат спасувачи со факели како вршат пребарување.

Департманот Антиокија во Колумбија има долга традиција во рударството. Златото ископано таму понекогаш служи како извор на финансирање за вооружени групи како што е Клан дел Голфо, голем картел во земјата, кој е исто така вклучен во трговија со кокаин.

Несреќите поврзани со рударството на јаглен се почести во Колумбија, особено во централниот дел од земјата, и одземаат десетици животи секоја година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот