Во бикини на снег, сигурно е многу студено, но и многу модерно. Овој тренд на фотографирање се прошири и на Балканот. Дамите од естрадата и модниот свет го прифатија предизвикот.

На својот инстаграм – профил, младата пејачка Теа Трајковска се фотографираше во бикини, додека во својата рака држеше шолја со кафе посакувајќи им убав ден на своите фанови.
Вчера на својот инстаграм-профил и манекенката Кристина Димитриевска, која јавноста ја познава и по бракот со Даниел Кајмаковски, се придружи на предизвикот. Кристина позираше во долен дел бели бикини, блуза и зимски чизми покрај борд – даска.

Ниту Сандра Африка не остана рамнодушна и ја искористи и оваа прилика за да направи посебна фотосесија инспирирана од овој тренд, па во виолетови бикини позираше на моторни санки.


Меѓу првите дами кои го започнаа овој тренд е македонската пејачка, Аделина Тахири Марков.

Трендот не ја одмина ниту Јелена Карлеуша која беше меѓу првите од српската естрада кои го прифатија предизвикот.

Фотографиите Јелена ги направи додека уживаше со пријателите и нејзините две ќерни Атина и Ника на Копаоник.