ФОТО | Трамп им купи чевли на членовите на кабинетот за 145 долари: „Со години одат во неудобни“
Американскиот претседател Доналд Трам (79), во петокот потврдил дека купил идентични чевли од својот омилен бренд за неколку членови на неговиот кабинет. За необичните подароци првпат објави „Волстрит журнал“ оваа недела, кој наведе дека Трамп подарил неколку пара чевли од марката „Флорсхајм“ во вредност од по 145 долари, пишува „Пипл“.
Препорачано
View this post on Instagram
– Тоа се убави чевли. Она што го правам е… кога некој што многу години оди во чевли што не се добри и не се толку удобни, па малку се забавувам со тоа – рекол Трамп во интервју за „Фокс радио“.
– Кога ми кажуваат дека имаат проблем, им велам: „Ќе ти купам еден пар чевли“. Се чини дека тоа функционира доста добро. Сега изгледаат елегантно и убаво. Тоа е подарок од Доналд – додал Трамп и навел дека „никогаш не сакал членовите на кабинетот да шетаат во патики“.
„Волстрит журнал“ објави дека меѓу оние што ги носат овие чевли се потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет.
Но, можеби пред да ги купи, требало да праша колку број чевли носат неговите најблиски соработници. На една фотографија, Рубио е прикажан како ги носи „новите“ чевли, кои изгледаат преголеми за него.

Моделот на веб-страницата на „Флорсхајм“ што најмногу личи на оние на фотографиите се елегантни кожени чевли што се продаваат за 145 долари по пар.
Инфантино: Трамп повтори дека Иран е добредојден да игра на Светското првенство 2026


