ВИДЕО: За време на војната во Иран, Трамп се сретна со Меси
Фудбалерите на Интер Мајами викендов ќе гостуваат кај Ди-Си Јунајтед во третото коло од МЛС лигата, а престојот во Вашингтон го искористија и за прием кај американскиот претседател Доналд Трамп.
Препорачано
Посетата е дел од долгогодишната американска традиција шампионите од големите спортски лиги да бидат примени од претседателот. Во центарот на вниманието очекувано беше Меси.
На церемонијата Меси му подари на Трамп специјална розова фудбалска топка со свој потпис, додека претставниците на клубот му врачија дрес од Интер Мајами со бројот 47, што го симболзира неговиот претседателски мандат. Во обраќањето, Трамп посебно го пофали влијанието на Аргентинецот врз историскиот успех на клубот и растечката популарност на фудбалот во САД.
„Одлична работа! Голема чест ми е да кажам нешто што ниту еден американски претседател досега не го кажал: Добре дојде во Белата куќа, Лионел Меси. Лео дојде и веднаш почна да победува, а тоа е многу ретко и тешко, бидејќи притисокот врз вас е огромен“, изјави Трамп, кој за првпат се сретна со аргентинската суперѕвезда.
Меси, кој испиша историја во МЛС со тоа што двапати по ред ја освои наградата за најкорисен играч (МВП), со титулата во САД дополнително го зголеми својот рекорд и стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во историјата на спортот.
„Можеше да одиш во кој било клуб во светот, а го избра Мајами. Ти благодарам што нè поведе на ова патување“, додаде Трамп.


