ФОТО | Трагичен крај на ријалити ѕвездата Џејк Хол — почина на 35 години по живот полн со скандали и предизвици
Поранешниот модел, моден дизајнер и ѕвезда на популарната британска емисија „Единствениот начин е Есекс“ (The Only Way Is Essex – TOWIE), Џејк Хал, почина на 35-годишна возраст во Шпанија. Хал бил пронајден со фатални повреди на главата во вила на Мајорка, а локалните власти во моментот го водат како „несреќен случај“, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Џејк Хал стана познат во 2015 година по учеството во ријалити , но неговата вистинска страст беа модата и уметноста. Тој беше основач на брендот „Prévu“, кој го носеа светски ѕвезди како Бела Хадид, но по деловни проблеми и банкрот на фирмата минатата година, тој се посвети на сликарството и скулптурата.

„Поминав низ многу тежок период на губење на компанијата која ја градев седум години од мојата гаража. Мојата ќерка ме спаси така што ме натера заедно да цртаме и тоа ме извлече од темнината“, изјави Хал во едно од неговите последни интервјуа.
Веста за неговата смрт го шокираше светот на славните. Многу негови колеги и пријатели, меѓу кои и пејачот на групата “Блу“, Ентони Коста, и познатиот Ди-џеј Фат Тони, се простија од него опишувајќи го како „нежна душа“ и „прекрасен човек“.
Продукцијата на емисијата TOWIE испрати сочувство до семејството, нагласувајќи дека Џејк со години бил дел од нивното големо семејство.
Хал ја имаше ќерката Ривер со поранешната партнерка Миси Бегири, исто така позната ријалити ѕвезда. Нејзиниот адвокат изјави дека таа во моментов е целосно фокусирана на заштита и поддршка на нивното дете во овие премногу тешки моменти.
Џејк Хал беше и талентиран фудбалер кој настапуваше за неколку англиски нисколигашки клубови, кои исто така му оддадоа почит преку социјалните мрежи. Иако неговиот живот беше исполнет со големи подеми и падови, тој ќе остане запаметен како креативец кој никогаш не се откажуваше.


