ФОТО | Тага и бес поради трагедијата: Турските ѕвезди ги обоија во црно профилите на социјалните мрежи

Фахрие Евчен/Туба Бујукустун/Фото: Инстаграм

Најмалку шестмина луѓе загинаа во силната експлозија која одекна вчера попладне на преполната улица „Истиклал“ во центарот на Истанбул, соопштија турските власти. Повредени се најмалку 53 луѓе.

Страотната експлозија се случи во 13 часот и 20 минути, во време кога најпознатото истанбулско шеталиште е преполно со туристи.

По повод трагедијата се огласија и турските јавни личности

Профилите на Инстаграм на бројни турски актери од синоќа се обележани со црната боја и името на плоштадот во Истанбул каде што се случи експлозијата.

Бергуазар Корел, на публиката кај нас позната како Шехерезада од серијата „1001 ноќ“, на Инстаграм напиша: „Проклетство“, изразувајќи ја својата тага и огорченост за она што вчера се случи во Турција.

Фото: Инстаграм

Меѓу многубројните славни турски личности кои го изразија својот бес и тага, се најде и младиот актер Алп Навруз, кој објави трогателна фотографија со хаштаг Таксим на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

„Многу ми е жал, толку сум лута“, порача на Инстаграм актерката Хазал Каја, познатата Нихал од популарната серија „Забрането овошје“.

Фото: Инстаграм

Покрај оваа актерка, свој коментар на Инстаграм објави и една од најпознатите и најплатените турски актерки Туба Букујстун.

Фото: Инстаграм

Пораката, обоена во црно со хаштаг и три точки, е нејзиниот начин да ја изрази својата тага поради веста која ја шокираше светската јавност.

Бурак Озчивит, познат како Бали-бег од серијата „Сулејман Величествениот“, на својата приказна на Инстаграм го објави хаштагот Таксим.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Страотна експлозија го потресе центарот на Истанбул, има жртви и повредени

ВИДЕО | „Ова е напад“: Ердоган се огласи по експлозијата во Истанбул – шестмина загинаа, десетици се повредени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот