ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Страотна експлозија го потресе центарот на Истанбул, има жртви и повредени

Фото: Твитер/принтскрин

Најмалку 11 луѓе се повредени во силна експлозија која попладнево одекна во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, „Истиклал“.

На социјалните мрежи се објавуваат снимки од моментот на експлозијата.

Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција. Засега не се знае што ја предизвикало експлозијата. Продавниците во центарот на Истанбул попладнево се затворени.

Видео на денот