ВИДЕО | „Ова е напад“: Ердоган се огласи по експлозијата во Истанбул – шестмина загинаа, десетици се повредени

Фото: Твитер

Најмалку шестмина луѓе загинаа во силната експлозија која одекна попладнево на преполната улица „Истиклал“ во центарот на Истанбул, соопштија турските власти. Повредени се најмалку 53 луѓе.

Страотната експлозија се случи во 13 часот и 20 минути, во време кога најпознатото истанбулско шеталиште е преполно со туристи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во својата прва изјава по експлозијата ја нарече „напад“ и навести дека извесна жена била поврзана со експлозијата, но не откри повеќе детали и не посочи одговорни за наводниот напад.

Претходно, гувернерот на Истанбул, Али Јерликлаја, се огласи на Твитер, повикувајќи на смиреност.

На местото на настанот и натаму се бројни полициски и пожарникарски екипи, а болниците постојано примаат повредени во експлозијата.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Страотна експлозија го потресе центарот на Истанбул, има жртви и повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот