ФОТО | Таа е 46 години помлада од него: Славниот дизајнер Кавали ја опсипува со милионски подароци својата девојка

Фото: Профимедиа

Манекенката Сандра Нилсон дефинитивно знае како е да се живее во луксуз, особено откако нејзиниот 46 години постар партнер, познатиот дизајнер Роберто Кавали, ѝ купил остров во Шведска со луксузна вила. Тие двајца и покрај големата разлика во годините, уживаат во љубовта и постојано нагласуваат дека се голема поддршка еден на друг.

Модниот дизајнер Роберто Кавали, кој неодамна го прослави својот 81. роденден, претходно на својата девојка ѝ подарил многу специфичен подарок – тврдина на Викинзите од 11 век во Шведска на приватен остров, кој чини 2,5 милиони фунти. Така, Сандра Нилсон стана нова сопственичка на островот во својата родна земја, недалеку од Стокхолм.

На островот се наоѓа и велелепна вила со четири спални соби, дел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина, пишува „Дејли мејл“.

Поранешната манекенка, која е 45 години помлада од Кавали, на островот може и да џогира на средените патеки долги 1,5 км, а островот има и приватно пристаниште со траект кој може да прими 10 луѓе.

Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата во 2010 година, а заедно се од 2014 година. Со неа Кавали, како што вели, си го нашол својот мир, таа е негова муза и вистинска љубов, а тој не воопшто се грижи за разликата во години.

Фото: Профимедиа

Родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, рано започнала да работи во модната индустрија. Кога имала 14 години, скаути од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – крупните сини очи карактеристични за Швеѓаните и кафеавата коса, што е реткост во нордиските земји, пишува gossip.funpage.it.

Со текот на годините, таа освојувала награди, меѓу другите за Мис на ЕУ, Мис бикини на светот, Мис на Хаваи и конечно за најубава жена во Шведска, а била и модел на „Плејбој“.

Со текот на времето, нејзината кариера почнала да згаснува, но некаде во тоа време почнала нејзината љубов со Кавали.

Кавали неодамна се вакцинираше против ковид-19, а на Сандра ѝнапиша: „Ти ме штитиш од секој вирус“.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот