ФОТО: Сукњи кои ќе ја обележат оваа зима – Совршен спој на елеганција и лежерност, од вас зависи како ќе ги комбинирате!

Фото: Инстаграм

Плисираните сукњи се вратија на модната сцена уште пред неколку години, на голема врата – и оттогаш не не напуштаат.

На радост на повеќето жени, плисираните сукњи и оваа година се ултимативен тренд и речиси единствен модел на сукња кој се носи. Во тренд се и макси и миди должината, а дијапазонот на материјали е доста широк – од кожа, преку сатен и волна, до лесни свиленкасти материјали.

Ист е случајот и со боите – сите се актуелни, но сепак, како што доаѓаат студените денови, така попопуларни се земјените нијанси, како сивата, маслинестата, кафената и црната боја.

Сето тоа веќе го претставија и модните блогерки и инфлуенсерки на своите Инстаграм профили каде споделија неколку одлични идеи како да ги комбинирате плисираните сукњи за совршен стајлинг оваа зима, погледнете!

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот