ФОТО: Стружани од Летонија сонуваат за долго европско лето

Фото: facebook.com/Fcstruga

Струга Трим Лум е меѓу трите македонски екипи кои ќе учествуваат сезонава во новоформираната УЕФА Конференциска лига.

Стружани предводени од тренерот Срѓан Захариевски веќе се во Летонија каде што в четврток ќе ги одмерат силите против Лиепаја во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во натпреварувањето.

Дуелот ќе се одигра од 16.00 часот, а реванш дуелот е закажан во Скопје на 15 јули од 17.00 часот.

Во пресрет на првиот европски предизвик, Струга Трим Лум како подготовка одигра пријателски натпревари во кои триумфираше над Теута (2:1), ремизираше со Шкупи (1:1) и нерешено со Партизани (1:1)

Од составот си замина Нијас Лена, а како нови засилувања дојдоа Валентин Кочоски и Давор Талески.

Фото: facebook.com/Fcstruga
Фото: facebook.com/Fcstruga

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот