Фото: EPA/CATI CLADERA

ФОТО | Столе Димитриевски во тимот на колото во Ла Лига

Во рамките од 33 коло во најсилното шпанско првенство фудбалерите на Валенсија ремизираа на гости (1:1) против составот на Мајорка.

На пет кола до крајот на сезоната, Валенсија се наоѓа засега на безбедната 14 позиција со 36 бодови, но и натаму ќе продолжи битката за опстанок во елитата, бидејќи има само три бодови повеќе од Алавес кој е во опасната зона за испаѓање на 18 место.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој ги брани боите на Валенсија, се најде во тимот на колото во Ла Лига.

Нашиот чувар на мрежата доби оценка 8,8 во изборот на Софаскор за неговите перформанси против Мајорка во чиј натпревар имаше седум одбрани, од кои четири во својот шеснаесетник.

Во тимот на колото се и: Винисиус (Реал Мадрид, 9.4), Мбапе (Реал Мадрид, 8.1), Ромеро (Леванте, 8.7), Ариага (Леванте, 7.9), Коста (Мајорка, 8.0), Гонзалез (Атлетико Мадрид, 9.4), Иглесијас (Хетафе, 8.0), Хијсен (Реал Мадрид, 8.6), Афенгрубер (Елче, 9.7) и Ратиу (Рајо Ваљекано, 8.2).

Фото: Screenshot/sofascore.com

ВИДЕО | Димитриевски одличен против Мајорка, не дозволи Валенсија да загуби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот