ФОТО | Среќен роденден Катарина Ивановска: Манекенката доби безброј честитки по повод 33-тиот роденден

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната манекенка, Катарина Ивановска денес го прослави својот 33-тиот роденден. За разлика од претходните роденденски прослави, овој пат беше малку поинаку.

Фото: Принтскрин/Instagram

 

Наместо дискотека и бројни пријатели, Катарина според последните фотографии кои ги сподели со своите фанови ужива во прекрасниот словенски град Пиран.

Фото: Принтскрин/Instagram

Својата кариера како манекенка ја започнала во 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на „Look Models International“ кастингот за модели во Македонија. Во декември 2004 се појавила во едиторијал за магазинот „Elle“, а исто така се има појавено и во „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското и руското издание на „Vogue“.

Фото: Принтскрин/Instagram

Се има појавено на насловните страни на магазините „Diva“ и „Máxima“, и во реклами за „D&G“ во 2006. Во 2010, Ивановска се појавила во српскиот магазин „Elle“. Во 2011 потпишала договор за рекламирање на продуктите на „Викторија Сикрет“.

Фото: Принтскрин/Instagram

Катарина на својот инстаграм – профил од нејзините колеги, соработници како и бројните фанови доби роденденски пораки со најубави желби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот