Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ФОТО | Средношколци се натпреваруваа во роботика и електроника

Финалето на „РобоМак Џуниор 2026“ (RoboMac Junior 2026) се одржа вчера во просториите Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје, кој заедно со Македонската секција на ИЕЕЕ во изминативе денови собра 54 ученици од четврта година од 30 средни училишта од Македонија.

Учениците се натпреваруваа во автономна мобилна роботика и паметна електроника за автономни возила.

Освен што учествуваа во натпреварите, учениците имаа можност да следат и неколку предавања со популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката, одржани од професори и експерти во областа.

Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Натпреварот се одржа паралелно со главниот настан „РобоМак 2026“ (RoboMac 2026), чие пак финале е закажано за сабота, 25 април.

Владимир Атанасовски, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, посочи дека овој настан ја обликува иднината затоа што „РобоМак не е само натпревар, тој е движење – кое ја обединува енергијата на младите, знаењето на академијата и динамиката на индустријата. Движење кое создава нова генерација инженери – луѓе кои не чекаат иднината да се случи, туку активно ја креираат“.

Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Атанасовски потенцираше дека живееме во време на длабоки технолошки трансформации – вештачката интелигенција, роботиката и автономните системи веќе не се концепти на иднината, туку реалност што ја редефинира економијата и општеството.

„Во таков свет, најголемата вредност не е само знаењето – туку способноста да се создава, да се адаптира и да се води. Токму затоа РобоМак има посебно значење. Овде не се натпреварувате само кој ќе изгради подобар робот или алгоритам. Овде учите како да размислувате, како да соработувате, како да решавате сложени проблеми – вештини што ќе ве дефинираат како лидери во иднината. Не плашете се да мислите големо, не плашете се да грешите и никогаш не престанувајте да создавате затоа што иднината нема да ја создадат оние што следат, туку оние што се осмелуваат да водат“, порача Атанасовски.

Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

За Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, овој настан претставува збир на талентирани умови и е доказ за зголемената важност на роботиката и вештачката интелигенција во нашето општество. Светот, како што рече, претрпува брза технолошка трансформација.

„Автоматизацијата и интелигентните системи суштински ги менуваат индустриите, од производство и здравствена заштита до транспорт и комуникација. Додека гледаме кон иднината, јасно е дека роботиката и вештачката интелигенција ќе играат сè поважна улога во обликување на нашите животи“, посочи ректорката.

Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Робомак 2026 на ФЕИТ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот