ФОТО: Софија Вергара во реклама за долна облека пред 20 години

Instagram
instagram

Софија Вергара на социјалните мрежи постојано споделува фотографии од почетоците на нејзината кариера. Многумина од нејзините обожаватели и следбеници тврдат дека Софија денес изгледа подобро отколку во младоста.

 

Instagram

 

Сепак, и тогаш привлекувала големо внимание со своите раскошни облини. Денес, убавата Колумбијка е една од најсексапилните жени во светот. Вергара се прослави со серијата „Modern Family“ иако никогаш не сонувала дека целиот свет ќе слушне за нејзиното име.

 

Instagram

 

Својата кариера ја започнала со скромни нискобуџетни реклами и кампањи за долна облека, но наскоро нејзиниот талент и природно однесување пред камера биле препознаени.

Софија на својот Инстаграм профил сподели фотографија од пред 20 години и покажа како изгледала во една таква кампања за долна облека.

 

Instagram

 

Таа позира во ноќница, без многу шминка истакнувајќи ги нејзините облини. Вергара отсекогаш била жена која гордо ги носи своите облини и секогаш укажувала на тоа дека токму тие ја довеле до самиот врв во телевизискиот бизнис.

 

Instagram

 

Отсекогаш имав таква фигура и брз метаболизам. Никогаш не страдев заради тежината како некои од моите пријатели. Сега кога сум постара, морам само да го одржувам своето тело здраво“, неодамна изјави актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот