ФОТО | Софија Вергара има ново момче: Јавно се гушкаа и бакнуваа и во Кан
Оваа година, Канскиот филмски фестивал повторно собра бројни светски ѕвезди, а холивудската актерка Софија Вергара особено го привлече вниманието на јавноста.
Препорачано
Таа беше забележана во друштво на непознат маж, само неколку недели откако наводно ја заврши романсата со познатиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон.


Вергара овие денови престојува на Азурниот Брег, а папараците ја снимиле пред луксузен во Кан, каде што влегла во придружба на мистериозен маж. Двојката беше видена како се гушка, се смее и шета, а судејќи според фотографиите, актерката беше во одлично расположение.
Нејзиното појавување со ново момче доаѓа кратко откако медиумите објавија дека раскинала со Хамилтон, кој претходно беше поврзуван со познати дами како Никол Шерцингер, Џиџи Хадид и Кендал Џенер. Иако никогаш официјално не ја потврдија својата врска, Вергара и Хамилтон неколку пати беа видени заедно во јавноста.
Да ве потсетиме дека Софија официјално се разведе од актерот Џо Манганиело минатата година по девет години брак. Манганиело, чии корени се од хрватско потекло, кратко по разводот започна нова љубовна приказна со актерката Кејтлин О’Конор.


