Фото: Facebook/ Wikimedia commons

ФОТО | Скопјанецот Сашо Серафимовски стигна пеш до манастирот Острог во Црна Гора

Скопјанецот Сашо Серафимовски, кој пред речиси две недели се одлучи на подвигот да оди пеш од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора, конечно пристигна до целта.

Убавата вест за неговиот личен подвиг, ја објави на неговиот Фејсбук профил. Сашо помина 624 километри одјеќи пеш, за да стигне до манастирот Острог.

Ова негово поклоничко патување траеше осум дена, а дневно поминуваше речиси 80 километри за да стигне до манастирот. Воден од својата силна верба, тој успешно го заврши своето патување.  На Сашо ова му е 130-тото поклоничко патување.

Откако пристигна, тој се поклони на моштите на Свети Василиј Острошки, а на својот Фејсбук профил објави:

„Целта е остварена. Здравје и спасение на сите што ми дадовте поддршка за ова мое патување“, напиша Сашо на под фотографиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот