ФОТО | Испиле 41 ракија! Сите зборуваат за сметката на Копаоник

Фото: Профимедиа/Принтскрин/Твитер

Зимската сезона сѐ уште трае, посетителите на Копаоник генерално знаат какви цени ги очекуваат на популарната планина, сепак, сметките умеат да изненадат.

Така и сега на социјалните мрежи е објавена сметка од Копаоник која поради сумата предизвика многу коментари.

Како што може да се види од налогот објавен на Твитер, посетителите јаделе и пиеле, а сè вкупно ги чинело нешто повеќе од 10.000 денари.

„Што точно е проблемот овде??? Цените на храната и пијалаците се сосема во ред, тоа што вие испивте 41 ракија, тоа е ваш проблем“, стои во објавата на оваа фотографија.

На сметката се:

– јајца со колбас 360 денари
– еспресо 145 денари
– капучино 160 денари
– Кока-Кола 175 денари
– ракија медовача (41 парче) 7.790 денари
– леб 60 денари
– чај од свеж ѓумбир 175 денари
– телешка супа 255 денари
– пита со јаболко – крем ванила 245 денари
– говедска плескавица 675 денари
– пилешко филе на скара 590 денари


Сè што јаделе и испиле посетителите на Копаоник чинело вкупно 11.120 денари.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот